На почетокот на јуни 2019 година, волонтерите од едно засолниште за животни во Украина го засолнија ова синооко куче спасувајќи го од тешкиот уличен живот. Неговото уништено крзно и изнемоштеното тело навестуваа дека се соочило со многу потешкотии.
Спасувачите беа решени да му најдат на кучето среќен нов дом – без да знаат дека тоа веќе има дом и дека постои личност на која му недостасува премногу.
Кога го донесоа во засолништето, тие објавија негова слика за да се најде потенцијален посвојувач.
Со оглед на состојбата на кучето, и времето потребно за да закрепне, можеби изгледаше дека нема да има голема заинтересираност за ова куче кај луѓето, но оваа објава стана вирална и илјадници луѓе ја споделуваа.
Само два дена подоцна, засолништето беше контактирано од жена чие куче било украдено од нејзиниот двор во 2017 година. Таа проверила во засолништето и не можела да верува колку многу личи ова куче на нејзиното украдено куче.
Следниот ден, жената го посетила засолништетоц за да ги потврди своите сомнежи – и наскоро стана јасно дека тоа е, всушност, нејзиното куче.
Кучето, наречено Лорд, чекало толку долго да дојде овој ден. Конечно, тој се врати таму каде што припаѓа – со помош на многубројни луѓе кои ја споделуваа објавата по социјалните мрежи
„Им благодариме на сите што го делеа нашиот пост“, пишува засолништето. „Благодарение на вас, животот на кучето е спасен, а мирот се врати во душата на сопственикот!“