Италијанците поради коронавирусот се присилени да бидат во домапна изолација, но пронашле начин едни на други да си ги олеснат деновите поминати во карантин.
Излегле на балконите и прозорите и започнале да се поддржуваат едни со други преку песна. Снимките се појавија на социјалните мрежи.
„Во домовите сме, и вечерва се здруживме како еден голем хор. Луѓето како нас никогаш не се предаваат. Да живее Италија, да живее Неапол“, се дел од пораките кои граѓаните ги споделуваат во овие тешки моменти.