Категории

Трогателно: Војник го гледа раѓањето на својата ќерка на „FaceTime“

Овој војник го пуштиле дома за да присуствува на раѓањето на својата ќерка, но поради одложување на летот пораѓањето можел да го гледа само на телефон, преку апликацијата FaceTime.

Го снимала сопатничка

Жената која патувала со него од Ел Пасо во Тексас ја снимала реакцијата на новопечениот татко на породувањето. Дишел нервозно, а неговите очи цело време биле приковани за екранот на телефонот. Кога се родила ќерка му, тој заплакал.

Погледнете ги неговите реакции на доаѓањето на свет на неговата ќерка.