Категории

Цел свет плаче: Вака Би-Би-Си и оддаде почит на нашата Есма

Престижниот Би-Би-Си ја објави трагичната вест за смртта на Есма Реџепова која почина во неделата на 11 декември, во 7 часот и 10 минути.

– Есма Реџепова, Кралицата на ромската музика во Македонија почина, гласи насловот на Би-Би-Си, кои се доказ дека Есма е едно од најмаркантните имиња како во регионот, така и во светот.

Тие не штедеа на комплименти, напишаа дека Есма е кралицата на музиката, дека пеела за Тито и Гадафи и дека била голема хуманитарка која одгледа дури 47 деца.

– Позната по специфичната облека и неповторливиот глас, Есма ќе биде вечно запаметена, завршуваат од Би-Би-Си.

Прегледи:
363
Ознаки:
· ·
Објавено на:
13.12.2016