Категории

Целата си лажна, убиј се: Поради овие слики и се закануваат на блогерката, а еве каква слика за себе всушност сакала да испрати!

Скарлет Лондон (24) објавила на Инстаграм фотографија, која всушност била платен оглас, на која седи на кревет опкружена со балони во форма на срце со напис: „Најдобрите денови започнуваат со насмевка и позитивна мисла. И палачинки. И јагоди. И чај во изобилие.“


Се би било во ред доколку нејзините следачи не пишале дека палачинките се всушност тортиљи, шолјата за чај е празна, а на прекривката се наоѓа нејзина сопствена слика. Блогерката примила еден куп критики, па дури и актерката Аманда Абингтон се пошегувала на нејзина сметка пишувајќи: „Има лош здив. Затоа е сама“.

Лондон признала дека некои од нив ја преминале границата на критикување.


„Се се сведува на тоа дека јас сум опасна за младите девојки и треба да патам. Некој треба да ме спречи. Барем да се угушам во балоните. Треба да се убијам колку сум патетична“, открила.

Блогерката ја нападнале дека продава „лажна, неприфатлива слика за младите луѓе која е лесно да ве импресионира“, истакнувајќи дека тоа е еднакво лошо как премногу обработените фотографии од списанијата. Лондон буквлано ги молела луѓето да сфатат дека позади тој профил се крие вистинска личност која пати поради таквите навредливи и заканувачки коментари.


„Понекогаш моите фотографии се зачудувачки и премногу розови, но јас тоа не го претставувам како „идеалистичка“ верзија на животот со која треба да се поистоветува секоја млада девојка. Оние кои ме следат ја препознаваат мојата стварност. Мојот Инстаграм само покажува дека можеш да бидеш пзитивен и да се шегуваш со животот пркосејќи им на болестите“, рекла блогерката.

„Не сметам дека моите содржини се штетни за младите девојки, но се сложувам дека Инстаграм може да создаде лажни очекувања. Јас се извинувам од дното на мојата душа доколку некој поради моите објави се почувствувал помалку вреден, бидејќи мојата мисија во животот е сосема спротивното“, изјавила таа.