Категории

Целиот Балкан ја обожуваа оваа бабичка: Таа направи нешто несекојдневно за да ни објасни на сите што е важно во животот (видео)

По повод националниот ден на дарување и пресадување на органите организирана е манифестација во центарот на Загреб.

Додека Диџеј Станко Бонџа пуштал музика, ретко кој обрнувал внимание на тоа. Дене , топло е, луѓето секогаш некаде брзаат…Ја забележуваат тие музиката, но животот не им дозволува да застанат и уживаат.

Меѓутоа, една бабичка се вратила во младоста и наспроти тоа што носела кеси од дуќан почнала да танцува среде плоштадот.

Корисниците на социјалните мрежи ширум регионот се воодушевени од снимката која Бонџа ја споделил на неговиот профил на Фејсбук. Видеото е прегледано речиси 90 илјади пати.

Погледнете го и вие па размислете малку за тоа дали навистина секогаш и секаде мораме да брзаме или имаме време да уживаме во малите нешта кои навистина го прават животот.

Извор : Македонија Денес

Прегледи:
315
Објавено на:
29.05.2017