Категории

Ние луѓето сме навистина најлоши: Целиот свет плаче за убиениот горила!

“Прекрасно! Невин горила убиен затоа што детето на кое родителите не внимавале паднало во неговиот канал? Ние луѓето сме навистина најлоши”, напишал еден корисник на Твитер, пренесува “Telegraf.rs”.

Одлуката да го убијат горилата кој се обидел да го спаси 4-годишното дете кое паднало во каналот во кој престојувало ова животно во Зоолошката градина во Синсинати во Америка, го разлутила светот.

Имено, на видео снимката која го обиколила светот, се гледа како едно дете паднало во каналот во кој бил мажјакот кој се обидел да го спаси, но потоа вработените во Зоолошката градина го убиле животното бидејќи стравувале дека ќе го повреди детето.

 

На Фејсбук настанала и групата “Правда за Харамбе”, и за само неколку часа собрала неколку илјади лајкови.

“Оваа група е креирана за да се крене свеста за убиството на Харамбе кое се случило на 28.05.2016. година. Сакаме оние кои го извршиле ова злосторство да одговараат за своите постапки”, стои во описот на оваа група.

Еден корисник од социјалните мрежи саркастично напишал:

“Прекрасно! Невин горила убиен затоа што детето на кое родителите не внимавале паднало во неговиот канал? Ние луѓето сме навистина најлоши”, додека друг корисник се надоврзал.

“Прекрасно животно платило со својот живот поради човечка глупавост и невнимание”.

Инаку, луѓето кои се наоѓале во оваа Зоолошка градина, рекле дека детето само сакало да оди во водата, но неговата мајка не му дозволила.

“Не знам дали поради паничното врискање на луѓето кои стоеја на самиот раб, или поради нешто друго, горилата пријде во водата и почна да го влече детето од неа”, рекла Ким О’Конор, сведок на настанот.

harambe-gorila-ubien-zooloska-02

По целата случка, и кога детето било извлечено надвор, било пренесено во болница.

Оние кои го виделе целиот инцидент рекле дека горилата се обидувала да го спаси детето, но службениците соопштиле дека Харамбе насилно се обидел да го зграби детето, пренесува Telegraf.rs.

“Можевме да гледаме, можевме да го застреламе Харамбе, и го одбравме второто. Никогаш не сме имале ваква ситуација во Зоолошката градина”, рекол Тан Мајнард, директор на оваа Зоолошка градина.

harambe-gorila-ubien-zooloska-03

Во исто време, две женки горили се наоѓале во овој ограден простор, но чуварите на време се погрижиле за нив. Кога Харамбе бил застрелан, двајца пожарникари влегле во овој ограден простор и го извлекле детето надвор.

“Ова е тажна работа, што ѝ да се случило. Морале да донесат одлука. Ја донеле вистинската, го спасиле животот на детето. Можело да биде уште полошо”, рекол Мајнард.

Прегледи:
588
Објавено на:
30.05.2016