Категории

Цело време сме биле во заблуда: Дали знаете за што служи синиот дел од гумата за бришење?

Дали знаевте дека синиот дел од гумата за бришење никогаш не би требало да биде користен за бришење на пенкало? Еве за што е неговата намена…

Скоро секој во животот имал барем еднаш ваква гума за бришење и живеел во убедување дека синиот крај претставува дел од гумата кој се користи за бришење на пенкало.

Но, работата е поинаква, а секој кој пробал да избрише пенкало го искинал листот со сигурност.

Тој дел е наменет за бришење на траги од молив на цврста и груба хартија.

Мекиот крај со розова или портокалова боја е направен за помека хартија, дека синиот дел ќе ја искине истата хартија. Тој дел исто така се користи за прецизно да ги избрише светлите траги на темните површини.

На класична хартија, отстранувањето на сите остатоци од пенкало може да биде многу тешко и напорно. Синиот крај на гумата е многу груб дури и за подебел и погруб вид на хартија.

Добро, повеќето од нас веруваа дека синиот дел служи за бришење на она што е напишано со пенкало, а  портокаловиот за бришење на напишаното со молив и после овој текст мислам дека конечно се реши мистеријата што не прати од детството.

Прегледи:
825
Објавено на:
05.07.2016