Категории

Цените за концертот на Енрике стартуваат од 1.500 денари

Kонцертот на Енрике Иглесијас што ќе се одржи на 20-ти јуни во СЦ „Борис Трајковски“ го има предзнакот Супер ексклузивен затоа што станува збор за концерт со најмал капацитет од сите простори на кои Енрике во последниве десетина години настапувал низ светот.

И покрај тоа, цените на влезниците се далеку поевтини од било кој концерт во земјите од Европа каде има арени со капацитет од 18.000 посетители.

Продажбата на влезници ќе почне од понеделник, точно во 09 часот на сите продажни места на Купи карти за се и Тикет Плус, како и онлајн, по следниве категории:

– GOLDEN PIT PARTER 1.500 денари

– ТРИБИНА (на седење, нумерирано) 1.990 денари

– GOLDEN SEATS TРИБИНА (на седење, нумерирано) 2.600 денари

– VIP 3.100 денари

Прегледи:
357
Објавено на:
15.04.2016