Категории

Центар за развој на кариера, Колеги & Колешки, заедница за сите Нас!

Неколку скалила погоре за градење на кариера. Идеја која ќе прерасне во едно поинакво вмрежување помеѓу студентите и нови отворени полиња за успех и надоградување.

Подигање на вредноста, капацитет и шанси за развој. Колеги & Колешки, ги отвора своите врати за сите млади, со перспективни гледишта во иднина.

Можности и  вмрежувања помеѓу заедницата и студените.  Проект со широка палета на модули и програми. Простор каде сите се информираме и ги зголемуваме нашите вредности.

Како главни модули за работа се двојат:

  1. Часови и обука за определен предмет или отворен предлог.
  2. Евенти и отворени денови за работа. Подигање на квалитетно и неформално образование
  3. Кариерни можности на студентите обезбедување на пракса во некоја од компаниите соработници.
  4. Дополнителна едукација , вештини , работа на реални проекти – курсеви во организација на Колеги и Колешки .
  5. Помош при изработка на дипломски и магистерски трудови.
  6. Препорака за вработување по дипломирањето како дел од програмата на проектот Колеги и Колешки

ЛОГО ЗА  НАСТАНИ/ КУРСЕВИ / УНИВЕРЗИТЕТСКА ПОМОШ

  1. Колеги & Колешки
    UNIVERSITY HELP
    *Симбол кој го користиме за сите предавања од формалното образование со цел успешно положени испити на студентите.

 

  1. Колеги & Колешки
    _____COURSES____
    *Симбол кој го користиме за сите наши курсеви и обуки од неформалното образование со цел стекнување на дополнителни вештини на студентот неопходни за успешна
    кариера.

 

  1. Колеги & Колешки
    ____EVENT’S____
    *Симбол кој го користиме за сите внатрешни и надворешни евенти организирани од нас или овозможување присуство на други настани за нашите членови.


Центар за развој и кариера, постави неколку клучни сегменти по кои се оставаат препознатливи траги:

Спојување на студентите со компании.

Една од првите значајни почетоци за секој студент. Градењето на кариерата и првите почетоци се од големо значење за секоја индивидуа. Тим од луѓе спремни да ги проследат чекорите до остварувањето  на целта на секој апликант.

Поддршка за студенти  и помошни грантови.

Вториот дел се двои за сите оние кои не можат да ги покријат своите стартни трошоци во годината. Како школарина и сл. Колеги & Колешки, со дел од својот профит ќе степиндира определен број на студенти и ќе се потруди да обезбеди дополнителни грантови за истите.

Бесплатни предавања / курсеви и обуки за надоградување.

Дел од програмата на кариерниот центар. Се предавања кои може да ги слуша секој студент или индивидуа , да се информира и стекне нови поврзувања.  Центарот за развој и кариера  го зема овој сегмент за да го потикне вмрежувањето на студентите и потикнување интерактивност.  Предавања од област на бизнис, информатика и универзитетски проблематики.

Курсевите и обуките се наменети за професионално надоградување. Дел ориентирани кон бизнис сферата и дел кон IT.

За секој завршен курс и обука лицето се стекнува со сертификат потпишан од менторот кој го води курсот и обуката.

Поврзаност на формалното и неформалното образование е клучен спој кој го претставува Колеги & Колешки. Тоа е целта и новината кон која ги стремиме како сегашните и идните програми. А успехот се двои во средина.