Категории

Цитати од славните убавици кои ќе ви помогнат да ја подигнете самодовербата

Барањата и стандардите за убавина понекогаш можат да предизвикаат и најубавите жени да се чувствуваат непривлечно, но и да ги натера да проговорат за вистинската убавина, самодовербата и се она што ја прави жената убава!

Нивните цитати ќе направат да сфатиме што е навистина важно и да научиме да го сакаме својот одраз во огледало!

„За сите жени кои мислат дека се дебели затоа што не носат конфекциски број нула: Вие сте прекрасни, општеството е грдо“ – Мерилин Монро

„Следниот пат кога ќе се погледнете во огледало, обидете се да ги заборавите критериумите кои велат дека сте премногу дебела, премногу бледа, престара, очите ви се премали или носот преголем. Загледајте се во огледалото и во своето лице. Тогаш ќе се видите себеси на вистински начин, без осудување и тоа е првиот чекор кон промена на доживувањето на светот“ – Опра Винфри

„Не е добро ако си преслаб ниту пак ако си предебел. Невозможно е да ги задоволите сите, па најдобро е да престанеме да се трудиме“ – Џенифер Анистон

„Со години не можев да го прифатам своето тело и изглед. Си велев во себе “Не можеш да носиш ништо без ракави или со прерамки”. Но одеднаш ми дојде една мисла во глава – Како би било доколку не си испраќам сама на себе негативни пораки и да си кажам носи го тоа и уживај? Сега, повеќе од било кога се чувствувам пријатно во се што носам“ – Дру Баримур

„Се вели дека убавината е во окото на набљубувачот, а јас велам дека е ослободувачки кога ќе сфатиш дека ти си всушност тој набљудувач. Ова ни дава моќ да побараме убавина на местата на кои другите не се осмелуваат да ја побараат, вклучувајќи ја и убавината во самите нас“ – Селма Хаек

„Убавината е она чувство одвнатре, она што се гледа во очите. Тоа не е нешто физички видливо“ – Софија Лорен

„Среќата и самодовербата се најубавите нешта кои можеме да ги облечеме“ – Тејлор Свифт

„Морав да пораснам за да научам да го сакам своето тело. Во почетокот немав самодоверба, но сфатив – или ќе се мразам или ќе се сакам себеси. Избрав љубов кон себе и се тргна во нагорна линја. Работите кои мислев дека не се атрактивни, станаа секси. Самодовербата ве прави секси“ – Кралица Латифа

 

„Слабите девојки не ги сметам за привлечни, да бидеме среќни и здрави. Никогаш не сум имала проблем со прифаќањето на својот изглед. Попрво би избрала ручек со пријателите отколку теретана“ – Адел

„Мислам дека без обзир на бројот и обликот на телото, важно е да го прифатите својот изглед. Женското тело е преубаво. Би сакала жените да се горди на своето тело и да не ги осудуваат другите жени за своите тела“ – Кристина Агилера

„Верувам во маникир. Верувам во претерано облекување. Верувам во мрзеливост и верувам во кармин. Верувам во розова боја. Верувам дека среќните девојки се најубави девојки. Верувам дека утре е нов ден. Верувам во чуда“ – Одри Хепберн

„Убавина значи да се чувствуваш убаво во својата кожа. Познавањето и прифаќањето на себеси онаква каква што си“ Елен Деџенерис

Прегледи:
764
Објавено на:
03.04.2018