Категории

Цитати за животот и вистината во зборовите на д-р. Дипак Чопра

Што е она кое не прави здрави, успешни и мудри? Дипак Чопра тврди дека знае. Со продадени 20 милиони книги зад себе последните неколку децении извршил големо влијание врз холистичката медицина.

Дипак Чопра е доктор и писател, образован во Индија и САД, кој пишува за спиритуалноста и теми од холистичката медицина. Неговите книги се на врвот на бестселерите, а има напишано повеќе од педесет.

Зборува и пишува за молчењето, медитирањето и смирувањето на внатрешениот дијалог, за тоа како старееме, како се лечиме и сл. Смета дека неговите најдлабоки мисли и чувства играат значајна улога во лечењето на пациентот. Би издвоиле неколку цитати од неговата книга Патот на волшебникот кои во себе ја носат смислата на живеењето истовремено ширејќи доволна доза на мотивација:

„Почнав да ја набљудувам енергијата со која зрачи секој човек. Тогаш телесната појава стана речиси безначајна и наскоро можев да ги забележам световите внатре во секого на којшто наидував. Тогаш сфатив дека секое живо суштество е цела вселена која само се преправила во суштество.“

„Ќе дојде денот кога ќе сфатиш дека во тебе е целата вселена и тогаш ќе станеш мудрец. Кога ќе бидеш мудрец нема да живееш во светот, туку светот ќе живее во тебе.“

„Не можете на светот да му го покажувате своето старо битие и да очекувате светот за вас секогаш да биде нов.“

„Тоа е само дрво во твојот ум. За друг тоа е израз на бесконечниот дух и на убавината. Во Божјиот ум тоа е дете, помило и поубаво од сė што можеш да замислиш.“

„Јас сум слободен дух ограничен со појавата на ова мое мало тело. Со палецот и показалецот можеш да го ограничиш сонцето, но зар неговата светлина не го исполнува небото и понатаму?“

„За да бидете сосема живи, мора да бидете мртви во минатото.“

„Зошто мислиш дека кралот има некаква моќ? – На кралот моќта му ја дале неговите поданици кои може да се побунат и да му ја одземат кога и да е. Затоа кралевите живеат во страв – знаат дека сė што поседуваат е всушност позајмено. Најсиромашниот човек во кралството е побогат од кралот сė додека не ја отфрли својата моќ и се поклони.“

„За да ја добиеш љубовта, мора најпрво да ја дадеш. За да бидеш сигурен дека другата личност те сака неусловено и самиот мора да ги отстраниш условите. За да научиш да сакаш друг човек, најпрво треба да се сакаш себеси.“

„Кога ќе бидете способни да го видите семето на можноста во пепелот на катастрофата, довербата ќе почне да расте.“

„Кога ќе си се вратите себеси ќе го вратите и светот.“