Категории

Црн или бел леб – кој е навистина подобар за губење на килограмите?

Дали навистина црниот леб е поздрав од белиот?

Ако навистина треба да бирате помеѓу црниот и белиот леб, малкумина би се сомневале дека вториот избор би можел негативно да влијае на здравјето на нашата линија.

“Не постојат докази кои покажуваат дека некој леб е поздрав од друг. Многумина сметаат дека црниот леб е поздрав од белиот, но ние откривме дека реакцијата на луѓето на храната е потполно индивидуална.

“Не постојат лоши намирници, ниту супер намирници”, изјавил д-р Еран Елинав од Вајсман Институтот во Израел.

Истражувачите тестирале два различни видови на леб на 40 лица во студијата, која сеуште не е објавена во ниту еден стручен академски магазин, пишува Independent.

Поединци во двете групи, забележале пораст на нивото на шеќерот во крвта по јадењето на двата вида на леб, а вкупниот ефект на тежина бил речиси идентичен.

“Она што најмногу влијае на тоа која храна повеќе или помалку ни одговара всушност се бактериите во желудникот, “, вели д-р Еран Елинав.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
401
Ознаки:
· ·
Објавено на:
22.02.2017