Категории

Црвен Крст и Нега Центар објавуваат КОНКУРС за обука за негуватели

Црвен Крст и Нега Центар објавуваат КОНКУРС за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попречености.

Се повикуваат сите заинтересирани лица да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 17.08.2020 до 31.08.2020.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

-Да се државјани на Р. С. Македонија;
-Да имаат над 18 години;
-Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
-Да имаат завршено минимум основно образование;
-Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, и лица со попреченост;
-Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвениот крст на град Скопје – Нега Центар.

Напомена: Обуката за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на е-маил: [email protected]; тел. 070 352 246

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

 

Прегледи:
1022
Категории:
Хуманост
Објавено на:
19.08.2020