Категории

Црвен Крст на град Скопје организира Градски натпревар по Прва помош – категорија подмладок

Црвен крст на град Скопје во рамките на своите програмски активности на одделот за Прва помош со цел промоција и подигање на свеста кај младата популација за значењето на првата помош во секојдневниот живот, организира Градски натпревар по Прва помош, категорија подмладок.

Натпреварот ќе се одржи во недела (09 јуни) во Водно со почеток во 10.00 часот. Настанот е планиран да заврши во 14.00 часот. На натпреварот ќе земат учество повеќе од 200 учесници, ученици од Основните училишта на територија на град Скопје, стручна служба, судии, манекени, шминкери на повреди, волонтери.

Унапредувањето на здравјето и безбедниот живот на луѓето како и првата помош завземат централно место во нашата организација преку кој градиме издржан систем за привлекување и оспособување на нашите волонтери. 

Бидете дел од овој настан за да ја поддржите промоцијата на Првата помош.