Категории

Цвеклото ги отстранува токсините од телото и го зајакнува имунитетот

Цвеклото е богато со витамини, минерали и влакна, поради што многумина го сврстуваат во ред намирници кои не би требало да се исклучат од исхраната. Тоа е вистински „еликсир на здравјето“ а нутриционистите особено го препорачуваат во диетална исхрана, за чистење организмот од токсини и зајакнување на имунитетот.

Ги содржи сите важни минерали – калиум, калциум, фосфор, натриум, магнезиум, железо, бакар, манган, флуор, јод, сумпор, литиум и бром, како и витамини Ц, Б1, Б2 и Б12.

Истражувањата покажале дека редовното конзумимирање цвекло спречува губење минерали од коските и забите, го успорува стареењето и појавата на атеросклероза и ја поттикнува работата на цревата.

Благодарение бетанин и бетаин, поттикнува размена на материи, го регулира крвниот притисок, го снижува нивото на холестерол, ги чува крвните садови и ја поттикнува работата на џигерот. Бидејќи содржи голема количина железо и пигмент антоцијан кој му дава црвена боја, цвеклото е исклучително корисно во лечење на слабокрвност.

Се препорачува и во случај на грип, бронхитис, воспаление на плуќата и болести на жолчката и желудникот. И тоа не е се. Овој лековит зеленчук благотворно делува на нервите и работата на мозокот.

Прегледи:
405
Објавено на:
30.10.2021