Категории

Цветен бонтон – Кога подарувате цвеќе треба да ги имате во предвид овие општи правила

Цветниот бонтон не е стриктен, но би требало да водите сметка околу некои општоприфатени правила

Кога се работи за изборот на цвеќе, видот, аранжманот, букетите, кутиите, изборот е вистински широк па понекогаш може да се најдете себеси во вистинска недоумица околу тоа што да изберете.

Цвеќето во кутија, класичниот букет од 101 руа се само некои од идеите за сите оние кои на роденденска прослава, годишнина или дипломска не одат без цвеќе. Поводот не е пресуден секако но пораката е секогаш јасна а таа е знак на наклонетост, внимание, почит и љубов.

Кога одлучувате да подарувате цвеќе, би било добро да имате во предвид неколку бонтон цветни правила.

Едно од првите и основни правила кои ги познаваме е дека буќетот не смее да содржи парен број на цветови – непарниот е тој кој привлекува добра енергија и донесува среќа.

Секогаш внимавајте на симболиката на цветот затоа што секој има општопознато значење, па како што ружата е симбол на љубов и восхит, лилјаните се избор кој најчесто се прави кога е во прашање погреб или жалост. Доколку одберете мешани цветови, исклучете ја можноста да направите грешка.

Бојата исто така има свое значење, црвената означува љубов, белата невиност и чест, а жолтата радост и плодност.

 

Сувото цвеќе не би требало да го поклонувате никогаш.

Буќетот секогаш се подарува во убава украсна хартија, убаво и декоративно спакован. Не заборавајте цвеќето да го пружите со лева рака, затоа што е од срце.

Прегледи:
856
Објавено на:
18.07.2020