Категории

Цветен хороскоп: Кој цвет му одговара на вашиот хороскопски знак?

Цветот кој му припаѓа на нашиот знак не учи како да ја прифатиме природата на животот. Поврзувањето на карактерот, односно астролошкиот знак со одреден цвет, не учи ако да прифаќаме различни фази во животот.

Овен

Орлова канџа. Ако сте родени во знакот на Овен, ве краси шарм, храброст и одлучност. Како што пчелите не можат да му одолеат на цветниот нектар од вашиот цвет, така и луѓето не можат да и одолеат на вашата енергија.

Бик

Булки. Имате префинет вкус. Сакате убави работи, уживате во нив и со задоволство ги споделувате со другите. Поседувате страст кон дизајнот и се што правите, го правите со стил.

Близнаци

Лаванда. Со задоволство ги делите своите мисли со другите, ноо и прифаќате туѓо мислење. Вие сте неверојатно креативни, продуктивни и вашиот ум е постојано активен.

Рак

Acanthus mollis. Чувствителноста е една од главните карактеристки на овој цвет, па истото важи за вас. Перцептиви сте и интуитивни и како сунѓер впивате се она што се случува околу вас. Развиената емпатија ви помага да ги почувствувате туѓите расположенија и да се поврзете со луѓето. 

Лав

Сончоглед. Како и сончогледот, секогаш сте свртени кон сонцето односно кон светлата страна на животот. Дарежливи сте и отворени а во друштво многу лесно се наметнувате. Презирате просечност.

Девица

Полско цвеќе. Полското цвеќе расте околу другите билки, така што и вам ви требаат други луѓе за да се чувствувате сигурно и појаки. Секоја ваша активност е промислена и добро испланирана. Многу размислувате и анализирате. Не поднесувате неред и нечистотија.

Вага

Роза. Раскошот и убавината на розата говорат за тоа колку е важна убавината во вашиот живот. Се подарува како симбол на љубовта, а за вас љубовта е особено важна. Вие сте уметничка душа и ја сакате естетиката. Кога сте опкружени со убави работи и луѓе, вие сте инспирирани.

Скорпија

Хризантема. Вие сте мистериозни и тешко е да ве разберат. Иако го сакате едноставниот живот, честопати сами непотребно си го комплицирате животот. Сакате предизвици и борба, а колку потешко доаѓате до победата толку повеќе сте возбудени. Во нашите краишта овој цвет е симбол на минливоста, а вие сте свесни дека во животот се има крај.

Стрелец

Нарцис. Вие сте личност која доволно се цени себеси за да не дозволи никој да ја понижува или загрози. Директни сте, искрени и отворени. Ве краси висок коефициент на интелигенција.

Јарец

Каранфил. Многу сте организирани, одговорни, не поднесувате ризик и нагли промени. Одлучни сте, имате силна волја, посветени на работата и кариерата.

Водолија

Орхидеа. Овој цвет со неизмерна убавина е симбол на љубовта и духовноста. Го правите она што го сакате и го сакате тоа што го правите. Вие сте голем идеалист, имате многу соништа кои сакате да ги остварите, хумани сте и сакате да им помагате на другите.

Риби

Лотус. Ова е цвет кој ве опишува како емоционални, чувствителни и перцептивни личности. Ги апсорбирате мислите и идеите на личностите кои ве опкружуваат, а животот ви е преполн со необични ситуации и судбински дејствија.

Прегледи:
1191
Објавено на:
03.05.2018