Македонската туристичка понуда е атрактивна за домашните, а особено е специфична за странските туристи. Република Македонија е земја со исклучително богатство, историско и културно наследство и по многу нешта има потенцијал за квалитетна туристичка понуда на различни туристички категории.
Таа ги вклучува туристичките посебности и природни убавини, културното наследство, традицијата и обичаите, атрактивните археолошки наоѓалишта, градскиот туризам, езерскиот туризам и во поново време националната гастрономија како светски тренд во туризмот.
Поради се поголемата посетеност на нашата земја, неопходни се и места за престојување каде што туристите ќе можат достоинствено да бидат пречекани и услужени. Во мноштвото од хотели, одморалишта и слични места за престојување, од досегашното искуство, странските и домашните туристи во едно се сложни – најдобрата услуга ја добиваат во Хотел Руссиа.
Недалеку од центарот на градот, во скопската населба Аеродром се наоѓа омилениот хотел на туристите. “Љубов на прв поглед” е реченицата со која најчесто го опишуваат.
Тоа е така не само поради луксузниот изглед, туку и поради пријатната атмосфера и врвната професионална услуга. Уникатниот изглед секако привлекува, но тоа што ги задржува посетителите во овој објект се многубројните услуги кои ги нуди.
Покрај тоа што може да преноќите во некој од апартманите, овој хотел ќе ве задржи со комплетната услуга која ја нуди. Почнувајќи од фитнес и аеробик центарот, фризерскиот салон за жени и мажи кој работи секој ден во неделата, комплетно опремениот спа центар, скај барот со најубавиот поглед во градот и секако огромниот избор на специјалитети во ресторанот на хотел Руссиа приготвени од врвните мајстори,а надополнети со најквалитетните пијалоци.