Категории

Твитер мудрости на најобожаваната бабичка на интернетот

Myrna Tellingheusen е името на најобожаваната бабичка на интернетот. Оваа бабичка е дневен извор на хумор за сите свои 137300 следачи на Твитер уште од 2015 година.

Нејзините сатирични бисери, мудрости и хумористични досетки, на совршен начин ја фаќаат есенцијата на смешен постар човек. Твитовите на Мирна се најобожаваните, и најапсурдно смешните работи кои можете да ги прочитате.

„Мојата приказна е долга и фасцинантна. Но, кратката верзија од оваа приказна е дека сакам да ги направам социјалните медиуми забавни.“ – вика баба Мирна.

Подоле ги собравме и ги преведовме нашите омилени бисери од оваа интересна бабичка.

1. Забавите за откривање на пол се и забави за откривање на коефициент на интелигенција.

2. Ако некој може да носи гласни шушкави пантолони во јавност, може да носи и маска.

3. Сакам да бидам подобар слушател, но тоа е тешко кога луѓето секогаш грешат.

4. Најдобар начин да бидете добар домаќин, е да им кажете на гостите кога е време да си одат.

5. Луѓето би биле далеку помалку лути, ако на се’ ставаа повеќе путер.

6. Драги млади луѓе, Не.

7. Кога ќе загубите добри луѓе, носете ги нивните фенери.

8. Точно можете да анализирате личност, според магнетите на нивните фрижидери.

9. Јас сум едуцирана личност. Отворена сум кон сите идеи со кои се согласувам.

10. Варење карфиол е хранлив мето да се изолирате себеси од други луѓе.

11. Не знам што прави јогата, но сигурно не е подобра од помфрит.

12. Повеќето луѓе со пандемијата мораше да одбегнуваме да го допираме лицето. НЕКОИ луѓе мораше да одбегнуваат да ги допираат двете лица.

13. Внук ми си го загубил мобилниот телефон. Мислам дека нема повеќе да ми се смее што уште имам жичан телефон.

14. Ми фали обичниот грип.

15. Сега конечно не е чудно ако носам свирче околу врат за да им свирам на луѓе што ми се доближуваат премногу.

Прегледи:
866
Категории:
Хумор
Објавено на:
21.09.2020