Категории

Твојата љубовна бајка те очекува – Не престанувај да се надеваш!

Не плаши се да ја чекаш твојата бајка. Твојата совршена љубовна приказна. Можеби ќе потрае, но немој да се предаваш. Немој да прифаќаш ништо помалку од она кое го посакуваш за себеси. Твојата љубовна приказна чека на тебе. Твојата сродна душа те очекува.

Кажи „здраво“, дај им комплимент за нивниот фустан, или слатката насмевка. Немој да губиш време на некој кој не ја забележува твојата вредност. Биди трпелив. Биди дарежлив. Чекорете под месечината држејќи се за дланки, одете на авантури и зборувајте со часови за тоа кои се вашите најлуди соништа.

Оди и пронајдија таа љубов која ќе направи да се чувствуваш жив. Пронајди ја личноста која ќе те прави среќен. Можеби тоа е пријател или некој странец, можеби купувачот кој редовно доаѓа во твојата омилена кафетерија секое утро во петок. Поентата е во тоа да пронајдеш љубов која ќе ти биде возвратена 110%.

Заслужуваш да се смееш од уво до уво. Заслужуваш да дојдеш дома и да пронајдеш порака на која ќе пишува „Те обожавам!“
Биди трпелив, ќе го пронајдеш тоа. Верувам во моќта на љубовта. Верувам во судбина. Немој да се плашиш да му кажеш дека ти се допаѓа. Пронајди ја личноста која те разбира и тогаш кога не можеш да се разбереш себеси.

Пронајди ја таа љубов која прави да сакаш да врискаш од среќа, љубов која ќе ја промени секоја перспектива која ја имаш за љубовта.

Прегледи:
606
Објавено на:
01.11.2020