Категории

Убивани за нивното крзно – кажете стоп на насилството врз животни

Пред два месеци, светсткото здружение за правата на животни ПЕТА објави видео коешто го опфаќа истражувањето спроведено на „Диленбург“, фарма за крзно во Винсконсин, САД.

Хоророт кој е зграпчен на камерите е згрозувачки и не постојат зборови за истиот да се објасни. Откри дека илјадници ласици и стотина лисици се чувани во валкани кафези од чии жици се пушта струја се до смрт. Причината за сето ова е единствена – убавината и нежноста на нивното крзно од што се прават скапи и елегантни капути и ремени.

Image result for Heartbreaking: Minks and Foxes Gassed for Their Fur

Работниците ги грабнуваат преплашените ласици за нивните чувствителни опашки, ставајќи ги во посебен контејнер каде што се ставени под голем напон. Доколку некоја ласица ја избегне смртта, таму ја чека работникот којшто ќе се погрижи за истото да не се повтори.

Оваа лисица има видливи проблеми со непцата, коишто се долги години отечени. За неа, ветеринарот никогаш не бил известен. Работникот одбивал да оддели финансии за здраствените потреби на животните. Не само тоа, тие биле убивани во гасни комори, нешто што наликува на грозноморниот холокауст пред осумдесет години.

Image result for Heartbreaking: Minks and Foxes Gassed for Their Fur

Никој не заслужува да живее – ниту да умре – на ваков начин.

Прегледи:
609
Објавено на:
25.01.2017