Категории

Учител за плачење од Јапонија тврди: Ако плачете еднаш неделно го намалувате стресот!

Хидефуми Јошида е името на човекот кој кој себеси се нарекува „учител за плачење“, кој тврди дека со плачењето се намалува секојдневниот стрес.

Тој организира работилници и предавања низ Јапонија со цел да ги едуцира луѓето за психолошките придобивки од плачењето. Тој смета деа плачот е поефективен од смеењето кога се работи за намалување на стресот.

Јошида не е првата личност која ги пренесува благотворните ефекти на плачењето. Во 1981 година, во едно истражување насловено „Tear Expert“, спроведено од д-р Вилијам Фрај од Универзитетот во Минесота, се тврди дека плачењето ги ослободува ендорфините, а потоа ги стимулира чувствата на среќата и благосостојбата.

Друго истражување е спроведено во 2008 година, a авторите на студијата тврдат дека плачот е форма на терапија.