Категории

Ученикот го прашал учителот “Што е тоа љубов“ – Неговиот одговор ќе ве одушеви !

Еден ден Платон го прашал својот учител: „Што е тоа љубов“, како можам да ја пронајдам љубовта ? Учителот му одговорил : „Пред тебе е огромно поле со пченица. Тргни, и не се врти назад, и одбери само едно стебленце. Ако го пронајдеш најубавото, тогаш си ја пронашол љубовта.Платон тргнал назад и брзо се вратил со празни раце. Учителот го прашал “Зошто не си одбрал ни едно стебло“. Платон одговорил „Затоа што можев да бирам само едно стебло, но не смеев да се вратам назад. Го пронајдав најубавото стебло, но не знаев дали има подобри пред мене, па не го зедов тоа.  Кога тргнав напред, увидов дека ни едно стебло не е така убаво како тоа што го видов на половина пат.  Така решив да не изберам ни едно“.

На тоа учителот му одговорил „Е, тоа е љубов“.

Следниот ден Платон повторно го прашал учителот „А што е тоа брак“, како можам да го пронајдам? Учителот на тоа одговорил „Пред тебе е бујна шума. Тргни, не повторно не се врти, и донеси само едно дрво. Ако го пронајдеш  дрвото, си го пронашол бракот“.Платон тргнал напред и по кратко време се вратил со дрвото. Дрвото не било доволно бујно, ни превисоко. Тоа било обично дрво. Учителот го прашал „Зошто си донел така обично дрво“ ?Платон одговорил : „Поради моето претходно искуство. Ја поминав половина шума. Овој пат здогледав едно дрво, и не мислев дека е така лошо, па го избрав и го донесов. Не сакав да ја пропуштам приликата.“

Учителот на тоа додал „Е тоа е брак“.

Прегледи:
704
Објавено на:
06.01.2016