Категории

Ултимативен детокс: Сѐ што ви е потребно е само една чаша! (РЕЦЕПТ)

Овој напиток ќе го исчисти вашиот организам, ќе ја обновите енергијата и ќе ги внесете сите потребни витамини и минерали.

Овој напиток е идеален за утринските часови бидејќи ја дава потребната енергија и витамини, но може да го испиете и за ужина или по вежбање.

Состојки за две личности:

  • спанаќ – една шолја
  • нане – неколку листови
  • свеж целер
  • авокадо – половина
  • јаболко – едно
  • ѓумбир – едно помало парче
  • краставица– 1/3
  • сок од половина лимон
  • чаша вода

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер или соковник, додадете вода и мешајте додека не добиете компактна смеса. Смесата треба да има густина на смуди, па доколку е прегуста додадете уште малку вода, но внимавајте да не претерате.

Напитокот испијте го веднаш, да не дојде до губење на хранлицвите состојки од намирниците.

Пријатно!

Прегледи:
534
Објавено на:
28.04.2020