Некои викаат дека машините за пишување, или машините за куцање, се нешто од минатото. Еден млад уметник го тврди спротивното!
23-годишниот студент на Архитектура, Џејмс Кук, креира прекрасни уметнички дела, користејќи рачни машини за пишување, и пополека стекнува популарност.
Кук се заинтересирал во машини за пишување пред 6 години, кога слушнал за некој човек кој пател од церебрална парализа. Тој не можел да држи молив или четка, но затоа, цртал со машина за пишување.
„Се’ започна во 2014 кога низ студиите, прочитав за човек кој се викал Пол Смит, кој нажалост паел од церебрална парализа. Поради состојбата, не можел да држи молив или четка, но развил неверојатни вештини користејќи ја прецизноста на машините за пишување. Тој направил портфолио кое покажува дела од последните 60 години. Всушност, неговата работа ми беше инспирација и студиите најмногу ги посветив во негова чест, проучувајќи му ги техниките.
Младиот Британец си ја купил првата машина за пишување од постар пар кој продавал застарени предмети. Иако многу луѓе ги имале во минатото, машините за пишување се тешки за пронаоѓање, бидејќи се заменети со помодерни средства за пишана комуникација. Од тогаш, Кук има собрано околу 30 различни машини за пишување, за да ги изработува своите ремек дела.
„Мојата прва машина, Оливер Кериер од ’56, засекогаш ќе ми биде омилена. Таа може да се користи на најразлични начини и ја познавам најдобро.“ – вика Кук.
Погледнете ги овие неверојатно детални слики изработени со машина за пишување!