Може ли да замислите како е да живеете во куќа инспирирана од морскиот свет и личи на еден сончев, светол ден кога се е совршено убаво. Оваа куќа е олицетворение на тоа совршеноство и во оваа куќа ќе се чуствувате како сирени во морскиот свет.
Casa Caracol (превод Куќата полжав) лоцирана во Isla de Mujeres, Мексико е униикатен простор, за сите љубители на школките и на бисерните нијанси.
Ова не е приватен дом, туку е куќа која се изнајмува преку сервисот Airbnb. Цените варираат од 186 до 278 евра, во зависност од кој период од годината е. Куќата има две спални соби за четирилица, за сите кои сакаат потопување во белата подморница со мермерни бањи, украси од школки и сопствен базен.
1 2