Категории

Урбаната архитектура на Виена претставена преку беспрекорни геометриски фотографии

Архитектонскиот фотограф Zsolt Hlinka поминал години фотографирајќи ја симетријата на зградите во Будимпешта, а сега следи нов проект – Viennametry.

Геометријата во градската архитектура ја претставува преку интересни фасади и скалила. Виена е модерен град со богата историја, инспирација има на секој чекор.

„Иако објектите се чинат фиксни и тивки, со внимателно набљудување може да се видат спомените кои се врежани во нив.“  вели Hlinka. 

Тој покажува како старото и новото коегзистираат заедно. Во градот каде маестралните дела на Заха Хадид, библиотеката и едукативниот центар, се во хармонија со аrt nouveau архитектурата.

Viennametry ја претставува колоритноста и урбаноста на градот, а Hlinka на свој уникатен начин ги прикажува во ново светло објектите.

 

Прегледи:
543
Објавено на:
14.04.2018