Категории

Уредување на ентериерот во РОЗОВА боја – Еве како да направите тоа да изгледа со вкус

Кога е во прашање уредување на ентериерот во розова боја, многу лесно можете да постигнете спротивен ефект и сето тоа да изгледа премногу ‘кич’. Но доколку го направите на вистински начин, може да постигнете вистински префинет ефект.

Сите ќе се сложите дека розовата боја изгледа нежно, луксузно и отмено кога е во прашање уредувањето на ентериерот. Но исто така многу лесно можете да погрешите и да не добиете впечаток каков што сте посакувале.
Клучот е во деталите и суптилноста, и изборот на вистинските нијанси.
Оваа сезона таа е голем тренд, а помеѓу најпопуларните нијанси се пастелно розовата и нијансата на кајсија.
Она што е важно при одбирањето на оваа боја е дека таа треба да биде комбинирана со едноставни парчиња мебел, по можност во неутрални нијанси на црна, бела и крем.

Ви споделуваме неколку фотографии од преубаво уредени простории кои ги опремиле дизајнери за ентериер и можат да ви послужат како инспирација.