Категории

Уште една земја во светот доби свое Министерство за Среќа

Покрај Бутан и Соединетите Арапски Емирати, Камчатка исто така донесе одлука да формира министерство кое ќе биде задолжено за среќата на своите граѓани.

Рускиот полуостров Камчатка доби Министерство за Среќа во оквирот на реформите на локалните власти, соопштува гувернерот на областа Камчатка, Владимир Солодов и објансува дека цела е „стотици илјади луѓе секојдневно да бидат малку посреќни“.

Официјалниот назив на овој резорт е „Министерство за социјална заштита и семејна политика но накратко се работи за среќа“, прецизира гувернерот.
Тој истакна дека министерството, иако во називот не спомнува загрозени категории на граѓани, се грижи за личностите во тешка ситуација за тие да станат среќни и просперитетни.

Овој 38-годишен градски поборник победи на септемвриските избори за гувернер на кои се кандитира како независен кандидат, но имаш поддршка и од Единствена Русија.

Камчатка е еден од најоддалечените и најтешко достапки региони на крајот на истокот на земјата и има околу 313,000 жители а нивниот број се намалува од година во година. Регионот бил затворен до распадот на Советскиот Сојуз поради бројни воени објекти но сега се отвара за туризам.

Обединетите Арапски Емирати и Бутан исто така веќе имаат таканаречено Министерство за Среќа. Среќата во Бутан е толку важна што правото на неа е истакнато во Уставот а граѓаните на пописот обавезно се прашуваат дали се среќни.

Според пописот спроведен во 2015 година, дури 35% од граѓаните на Бутан одговориле дека се „многу среќни“, 47,9% одговориле дека се „умерено среќни“ а само 8,8% од испитаниците се изјасниле како „несреќни“.

Во оваа земја здравството е бесплатно и нема бескуќници. Ако човек изгуби дом треба само да се јави кај кралот и тој му подарува парче земја на кое може да изгради куќа и да одгледува овошје и зеленчук.