Фановите на „Симпсонови“ се уверени дека долговечната анимирана серија го предупредила светот и за коронавирусот пред повеќе од две децении.
Како доказ на Твитер ја навеле епизодата од 1993. година во која се работи за вирусот познат како Осака Флу кој се шири низ Спрингфилд, откако жителите нарачале блендери од Јапонија.
Во споменатата епизода еден од работниците кој ги пакувал блендерите во кутиите во Јапонија се разболел, па кивајќи го испраќа случајно вирусот во Америка.
The Simpsons, 1993, this goddamn series predicted coronavirus.
My mind is blown. pic.twitter.com/lNpSc71Ndt— Muhammad Ali 🇱🇧 (@PortableYogurt) January 26, 2020
Кога стигнале блендерите во Спрингфилд, поголемиот дел од жителите се разболеле. Иако вирусот не доаѓа од Вухан, туку од Јапонија, фановите на Симпсонови го запалија Твитер со коментари.
„Симпсонови повторно успеаја“, е само еден од коментарите.
Инаку, оваа популарна американска серија досега предвиде многу настани како војната во Сирија, еболата, рушењето на кулите близначки во Њујорк на 11. септември 2001. година, доаѓањето на Трамп на позицијата претседател на САД.