Категории

Успешна приказна која трае осум децении

Традицијата и културното наследство се главното одбележје на секоја земја. Во нашата историја се испреплетени многубројни настани, битки како и влијанија од најразлични народи, па поради тоа спомениците, градбите и верските објекти изградени многу години наназад претставуваат значајни симболи кои самите по себе опишуваат одреден временски период.

Инспирирани од македонската историја и традиција, веќе осум децении постои Агенс – компанија која успешно ги преточува на еден уникатен и симболичен начин преку ракотворби и сувенири, сите значајни периоди за нашата земја.

Во Агенс ќе најдете ракотворби во дрвена кутија, гравура на  метал, ракотворби од бронза, декорирани кутии за накит, како и привезоци од дрво, пехари, плакети, благодарници, а исто така и магнети со 24к позлата, икони, сувенири од стакло, печати и штенбили и многу други изработки.

Без разлика дали сте љубител на историските или верските симболи, сакате да изненадите некого на уникатен начин со посвета , или пак можеби имате потреба за рекламен материјал во форма на приврзоци и слични изработки од метал или дрво, во Агенс може да го добиете токму тоа што сте го замислиле.


Доказ за успешната долгогодишна работа на оваа компанија се многубројните соработки, како со поединци и компании, така и со манифестации кои довербата ја даваат токму на Агенс. Еден таков пример се статуетките на “Златна Буба Мара на популарноста”кои традиционално секоја година се изработени од страна на оваа компанија.

Агенс се наоѓа во трговскиот центар Рамстор, а ќе ги изненади своите купувачи ширејќи се на уште една локација која наскоро ќе биде откриена. Досегашните изработки можете да ги погледнете на нивната веб и фејсбук страница, како и на инстаграм профилот.

Не се сомневаме дека сите овие изработки ќе го задржат вашето внимание, бидејќи со Агенс традицијата, подароците и изненадувањата добиваат нова димензија.

Прегледи:
1602
Објавено на:
09.10.2017