Категории

Успешни македонски жени добија убаво изненадување за 8-ми март

Осми март, меѓународниот ден на жените, претставува празник кој ја одбележува борбата за економска, политичка, родова и социјална рамноправност на жените во светот. Денес, во модерното секојдневие кога улогите на мажите и жените се рамноправни, празникот служи како потсетување за успешноста на понежниот пол во добивањето на правата низ историјата, но и како поттик жената да се сака и почитува секој ден од годината.

Секојдневно сме сведоци на многу жени кои што претставуваат вистински пример и  се синоним за храброст, успех, достоинство, а во исто време за нежност, љубов и внимание. Тие жени се околу нас, зрачат со енергија и го разубавуваат нашето секојдневие,  Скопје Мериот Спа и Фитнес центарот одлучи да интересен  начин да им го разубави овогодинешниот дождлив 8-ми март на 10-тина реномирани македонски жени.

Помеѓу десетте жени кои важат како вистински пример за успешни и елегантни дами во нашата држава имаме познати лица од естрадата, ТВ екраните, театарот, јавниот живот, модата и бизнис заедницата. Сите тие добија Gold Card од најмодерниот спа и фитнес центар кој што е во склоп на луксузниот хотел Мериот, лоциран на самиот плоштад во Скопје. Токму овие дами важат за инспирација на многу девојки и жени во државата, но и надвор од неа.

Спа и Фитнес центарот на Скопје Мериот, кој што е отворен за јавноста, а не само за гостите на хотелот, нуди комфорен и мирен амбиент за совршено бегство од секојдневието и целосна релаксација на телото и умот. Модерниот центар  е опремен со специјализирани простории, а освен фитнес сала со современа опрема за вежбање, нуди и спа третмани, професионални масажи, најразлични третмани за убавина, користење сауна, џакузи и турска бања. Брзото секојдневие кое влијае негативно кај секого од нас наложува да се најде начин како да се истроши негативната енергија и да се намали стресот кој во голема мера влијае врз здравјето. Секојдневното користење на услугите овозможува подобрување на имунитетот, расположението, кондицијата, изгледот, како и целосна детоксикација на организмот.

Прегледи:
463
Објавено на:
09.03.2017