Категории

Утре наутро, кога ќе се разбудите – направете го ова!

Утре наутро, откако ќе го поздравите Сонцето, размислете добро за ова:

Дали ви се чини дека ја давате целата своја енергија и креативност, својата дарба, таму каде што луѓето не ве ценат доволно?

Престанете да одите со главата низ ѕид!

Пуштете ги тие места и личности.

Нека одат по својот пат.

Животот е прекраток за да ги убедувате луѓето да бидат свесни кој сте и колку вредите.

Сакајте се себеси доволно за да можете да си отидете од секоја ситуација во која секогаш ставате одредени луѓе како приоритет, а тие вас само како опција и можност.

Усните на мудрите се запечатени и не им говорат на оние кои одбиваат да слушнат и на кои им е удобно да живеат во незнаење.

Почнете да создавате место за себе, место во својот живот и светот за да го правите она што го сакате и за оние кои се подготвени тоа да го прифатат.

Вашите таленти и време се драгоцени.

Внимавајте на нив, негувајте ги и развивајте ги.

Само на тој начин може да живеете живот кој има смисла, значење и е без фрустрации.

Вие сте дар на светот.

Заслужувате да бидете препознаени поради она што сте.

Не заборавајте: Имате Величенственост во себе!

Прегледи:
526
Објавено на:
22.01.2020