Категории

Утре се сади Божикната пченица: Посадете ја за здравје и благосостојба во 2020 година!

За да добиете зелена и бујна пченица до Божик треба да се засади навреме. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување. Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.

Прославувањето на Божик – Исусовото раѓање е празник кој се прославува во домот со семејството, како и одењето на црквените богослужби. Покрај сите обичаи, собирањето на семејството околу богатата трпеза е главен настан. Задолжително се пали кандило и се крши лепчето. Но, на масата има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански празник – Божикната пченица.
Иако пред Божик можат да се купат скоро секаде, доколку сте од оние кои сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете го сами!

За садењето ви е потребно шака пченица и чинија или сад во кој ќе посадите. Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Една од варијантите, полесната е – да ја засадите пченицата на влажен памук или натопена тоалетна хартија во чинија, да ја оставите на топло место и да ја залевате по потреба (но не премногу). Меѓутоа, голем недостиг на овој начин е непријатниот мирис кој се испушта кога пченицата ’рти и оззеленува.

На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машна.

Прегледи:
1275
Објавено на:
16.12.2019