Категории

Уживајте во овој чоколаден мус по рецептот на славната манекенка

Подготовката на овој мус е исклучително лесна, а резултатите ќе ве воодушеват! Познатиот модел Криси Тајген објави дури два кувари, полни со едноставни и вкусни рецепти. Меѓу нив е и рецептот за неодоливиот чоколаден мус. Подгответе го и вие!

Состојки:

За чоколадниот мус:

  • 1 шолја чоколадни зрна
  • 1/3 шолја полномасно млеко
  • 3/4 шолји слатка павлака

За кекс:

  • 2/3 шолји шеќер
  • 2 лажички вода
  • 4 кафени лажички мед
  • 1/4 лажички сол
  • 1 шолја крцкави житарици
  • прстофат сода бикарбона
  • 1/3 шолја пржени исечкани лешници

Подготовка на чоколадниот мус:

  • Во голем сад измешајте ги млекото и чоколадните трошки (може да користите и изрендано чоколадо).
  • Мешавината ставете ја во микробранова печка и почекајте околу минута и 15 секунди или гответе на тивок оган на шпоретот додека состојките не се соединат.
  • Причекајте петнаесетина минути да се олади смесата, а потоа во неа изматете ја (претходно подготвената) слатка павлака.
  • За да биде смесата густа и лесна, не треба да ги мешате состојките пребрзо.
  • Добиениот мус се сервира во две чаши и се остава да се олади.

Подготовка на кексот:

  • Помешајте шеќер, мед и вода и заедно варете ги на тивок оган додека не добиете смеса која потсетува на карамела (цело време мешајте ја смесата).
  • Откако ќе ја добиете таа текстура, тргнете ја смесата од шпоретот и додадете сол, сода бикарбона, житарици и лешници.
  • Добро промешајте ги состојките, а потоа ставете ги во голем рамен сад, на кој претходно сте ставиле хартија за печење.
  • Причекајте да се олади и зацврсти и потоа исечкајте на ситни парчиња.

Добар апетит!