Двајца момци на YouTube објавија видео во кое едниот од нив се капи во базен кој содржи повеќе од 5.000 литри Кока-Кола, Ментос бомбони и лед.
Видеото стана вистински хит и масовно се споделува на социјалните мрежи, па е пропратено со разни коментари.
За работата да биде уште полуда, момците во базенот потпија и дрон, кој откако потона престана да работи.
“За ваков дрон штедев со месеци за да гледам како две размазени будали потопуваат ист таков во базен со Кока-Кола”, е само еден од илјадниците коментари под видеото на YouTube.