Подготовките за долго очекуваниот мјузикл „Тајно моја“ посветен на нашата музичка легенда Тоше Проески се при крај. Деновиве на интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи се појави и официјалното видео кое наедно го најавува и големиот проект.
Останаа уште само неколку дена до премиерата која ќе се случи на 10-ти март во Македонската опера и балет која имено е и продуцент на мјузиклот.
Во спотот покрај победниците од „Кастинг талент шоу“, Антонија Гиговска и Денис Димовски, се појавуваат и Игор Џамбазов, актерката Јана Стојановска, Весна Петрушевка, Александар Тарабунов и други…
Инаку, видеото е во режија на Огнен Шапковски, како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, ронин оператор е Борис Јосифовски, додека зад продуцентската палка стои Александар Паунвски. Финалното дело е во реализација е на „Мелем“ продукција.