Помладиот син на пејачката Шакира и шпанскиот репрезентативец Џерар Пике, Саша, на многу сладок начин го прослави голот на својот татко против репрезентацијата на Чешка во понеделникот.
Пејачката на Инстаграм објави фотографија од малиот Саша како ги крева рацете во воздух и навива за татко му и неговата екипа. Фотографијата веднаш ги стопи срцата на луѓето ширум светот и собра повеќе од 360.000 лајкови.
Шакира и синовите ги следат натпреварите од дома, а кога Пике во 87-та минута го даде победничкиот гол, на славењето му немало крај.
Пејачката и фудбалерот се запознаа за време на снимањето на песната “Waka Waka (This Time for Africa)”, која беше официјална химна на светското првенство во фудбал. Во врска се од 2010 година, а покрај Саша го имаат и тригодишниот син Милан.