Категории

ВАКУУМСКА ЖЕЛЕЗНИЦА ЌЕ ПРЕНЕСУВА ЛУЃЕ ОД КИНА ДО ЕВРОПА ЗА ЕДЕН ДЕН

Русија е на пат да стане главниот полигон за тестирање на ултрабрзата технологија Hyperloop Оne – која пренесува патници и товар во посебни капсули, низ цевки со низок притисок, со брзина од 1200 км/ч. Hyperloop Оne е нова технологија развиена со помош на Илон Маск – основачот на Space X и Tesla.

Првиот „вакуумски воз“ ќе биде лансиран во Москва.

Рускиот Фонд за директни инвестиции – оформен на иницијатива на владата на Русија со цел вложување во големи инфраструктурни проекти во земјата, заедно со пар меѓународни инвестициски компании, инвестираше во проектот и ветува супербрз транспорт на патници.

На првите тестови во Невада во мај 2016-та, капсулата успеа да достигне брзина од само 120 км/ч, но тестот всушност беше успешен.

И Путин го поддржи проектот. Министерот за сообраќај – Михаил Соколов, вети дека со технологијата ќе се користи за пренос на товар од/до Далечниот Исток, и тоа од Кина – преку Русија – до Европа – за еден ден. Во понатамошните фази, ќе се пренесуваат и луѓе.

„Руски железници“ веќе оформија тим за соработка со Hyperloop, а се очекува во проектот – кој чини од 75 до 634 милиони долари, да скокнат и неколку кинески компании и инвеститори.

Прегледи:
468
Објавено на:
22.07.2016