Категории

Вардар во дуел против ППД Загреб за ново финале во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 20:30 часот ќе се бори за своето четврто финале во СЕХА лигата. Ривал на „црвено-црните“ е хрватскиот првак ППД Загреб. Ова се воедно двата најуспешни тима во ова натпреварување бидејќи по петтипат играат во завршницата на 5.тиот „фајнл фор“ турнир. Вардар има две титули (2012 и 2014 година, а Загреб 2013), а и двете екипи оваа сезона ќе играат и во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

На ланскиот завршен турнир на кој победи Веспрем, Вардар и Загреб играа во дуелот за 3.место, а поуспешен беше хравтскиот шампион (26:23).

Ракометарите на Вардар вчера во комплетен состав имаа тренинг во Варажадин, а на вечерашниот дуел се очекува да имаат поддршка и од околу 100-тина навивачи.

Во првото полуфинале на „Ф4 турнирот“ актуелниот шампион Веспрем важи за фаворит против белоруската екипа Мешков Брест. Почетокот на овој дуел е во 18 часот.

Победниците од денешните дуели ќе играат во финалето во недела кое почнува во 19 часот, додека поразените ќе играат во натпревар за 3.место со почеток во 16.30 часот.

Прегледи:
479
Објавено на:
01.04.2016