Многумина имаат стотина пријатели на Фејсбук, но луѓето всушност, во просек можат да се потпрат на четворица пријатели во животот. Овој заклучок е резултат на истражувањето кое го спроведе Робин Дан, професор по еволуциона психологија од Оксфорд.
Тој истражувањето го спроведе со цел да стекне увид во тоа колкав е бројот на реалните пријатели во однос на бројот на пријатели на Фејсбук.
Тој открил дека бројот на пријатели на социјалните мрежи не значи дека на сите тие луѓето можете да се потпрете или редовно да зборувате со нив.
Личностите кои учествувале во истражувањето во просек имале по 150 пријатели на Фејсбук, но само 14 од нив се интересирале за настаните од животот на своите пријатели.
Испитаниците сметаат дека само околу 27% од пријателите кои ги имаат на оваа социјална мрежа можат да ги наречат вистински пријатели.
Тие бројки се главно слични со пријателствата во реалниот живот, стои во истражувањето. Но, големиот број на луѓе на листата за пријатели може да ги наведе луѓето да мислат дека навистина имаат голем број на вистински пријатели.
Според ова истражување, пријателите од Фејсбук можат да се организираат во неколку слоеви. Во првиот слој би биле околу 5 најблиски луѓе, во следниот 15, па 50, па 150, а како вистински пријатели можат да поминат оние од првиот слој.