Категории

Важна љубовна лекција до сите жени од Фрида Кало – „Ако треба да те молам, не те сакам повеќе!“

Големата мексиканска сликарка Фрида Кало е инспирација за многумина, а нејзините зборови упатени кон нејзиниот сопруг ќе разбудат неверојатна сила во вас.

Фрида Кало, мексиканска сликарка позната низ целиот свет, имаше многу бурен љубовен и брачен живот, а во една пригода му рече зборови на својот сопруг Диего кои и ја покажаа неверојатната виталност и гордост, и покрај сите тешкотии што и се случија.

Еве едно писмо што Фрида му го напиша на Диего:

„Не те замолувам да ме бакнеш или да ми се извиниш, кога мислам дека не си ја направил вистинската работа.

Нема да те замолам да ме гушнеш кога ми е најпотребно.

Не те замолувам да ми кажеш колку сум убава, ниту да ми напишеш нешто убаво.

Ниту ќе те замолам да ми кажеш каков беше твојот ден, ниту дека ти недостигам.

Нема да те замолам да ми се заблагодариш за сè што правам за тебе, ниту за тоа што си со мене кога душата ми е на земјата.

Секако, нема да те замолам да ме поддржувш во моите одлуки.

Јас дури и нема да те замолам да ме слушаш кога ќе имам илјада приказни да ти раскажам.

Нема да барам ништо од тебе, дури ни засекогаш да останеш со мене.

Затоа што ако треба да те молам за сето ова, не те сакам повеќе.“