Поединците кои ги немаат овие особини можат да имаат корист од овие сознанија, бидејќи ќе научат како во вистински момент да ги искористат некои од карактеристиките на овие типови на личности!
Проучувајќи ги питомците на Вест Поинт, психолозите откриле дека со помош на само една негативна особина, може да се предвиди успех – станува збор за нарцизам. Кај кадетите биле проучувани различни аспекти на нивната личност кои влијаат на нивните лидерски вештини и единствената особина која што е карактеристична за сите успешни питомци била токму нарцизмот.
Заинтригирани, научниците решиле да откријат како ’негативните’ карактерни црти ја носат личноста до успех.
Во извештајот се опишани трите типови на личности кои имаат најголеми шанси за деловен успех, а тоа се нарцисите, манипулаторите и психопатите. Поединците кои ги немаат овие особини можат да имаат корист од овие сознанија, бидејќи ќе научат како во вистинскиот момент да ги искористат некои од карактеристиките на овие типови на личности и на тој начин да го остварат она што го сакаат.
Нарцисисите се ентузијасти
Наполеон и Стив Џобс постигнаа неверојатен успех благодарение на нарцизмот. Тие своите потреби и желби ги ставаат над потребите и желбите на другите луѓе. Тие се одлични во преставувањето на себеси, своите идеи и се неверојатно ентузијасти кога нешто им е важно. Една од дефинициите за лидерство е способноста да се дефинираат целите точно и да се поттикнат другите да ги постигнат тие цели.
Манипулаторите лесно влијаат врз другите луѓе
Професионалните манипулатори ги знаат сите начини да го добијат она што го сакаат од другите. Научниците објаснуваат дека постојат неколку начини на манипулација: пофалби, ласкање, формирање сојузи со колегите, дури и закани. Можеби звучи чудно што успешното лидерство бара вештини за манипулација. Затоа, оние што сакаат да бидат добри водачи, треба да ја развиваат и оваа особина, но секако тие треба да бидат и умерени!
Психопатите не жалат за ништо
Секако, најуспешните лидери не се психопати, барем не во смисла дека повеќето луѓе имаат асоцијација на зборот психопати. Корпоративната психологија под терминот психопат подразбира луѓе кои се ставаат пред другите, секогаш се во првите редови, но тие се ослободени од срам кога не успеваат во тоа што го прават. Тие се покомплицирани и позахтевни од манипулаторите и нарцисите, но тие исто така најбрзо се опоравуваат од неуспехот.
Мартин М. | Среќа.мк