Категории

ВАЖНО: Забрането движење во шумите, ќе се плаќа казна од 1.500 до 2.000 евра

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави дека се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси од денеска до 15 август во периодот од 7.00 часот наутро до 17.00 часот попладне.

Ограничувањето не важи за лица кои што имаат добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

„Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата“, соопшти Министерството.

Во соопштението се додава дека ограничувањето не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и Националните паркови во Република Македонија, но во придружба на преставник од „Македонски шуми“ или Националните паркови.

За непочитување на забранатаана граѓаните кои ќе се затекнат да се движат во шума без соодветна дозвола ќе платат глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

 

Прегледи:
441
Објавено на:
07.07.2016