Категории

Вчерашните натпревари од ЛШ му донесоа многу пари: Ги погоди двете 6+ за добивка од 13.500 евра

Вчерашниот ден во Лигата на шампионите, донесе вкупно 14 погодици на два натпревари, што беше вистинско уживање за фудбалските фанови, а на еден Црногорец му донесе и огромна добивка.

Манчестер Сити го совлада Монако 5:3, а Баер Леверкузен загуби од Атлетико 2:4, а неименуваниот обложувач вложил 50 евра дека на овие две средби ќе има шест и повеќе голови.

За да ја оствари целта мала „помош“ доби и од сонардониокот Стефан Савиќ кој игра во Атлетико и кој постигна авто-гол во Леверкузен, кога германскиот тим намали на 2:3. Потоа Фернандо Торес во 86.минута ги постави конечните 2:4, кои на Црногорецот му донесоа 13.581 евра, бидејќи на мечот во Манчестер шестиот гол го постигна Агуеро во 71.минута кога израмни на 3:3.

Прегледи:
334
Ознаки:
· ·
Објавено на:
22.02.2017