Денес, светот на знаењето и личниот или професионалниот развој се буквално пред вас. Движењето за отворено учење ни даде можност да станеме попаметни во слободно време, и стана достапно буквално за секој со интернет поврзаност.
Што треба да направите? Предизвикајте се себеси, секој ден да учите нешто ново – ќе имате неверојатни придобивки и во вашата кариера, и во вашиот живот со што ќе бидете попродуктивна и посреќна личност.
За да ви помогнеме, ви нудиме интересни веб страни на кои можете да научите нешто ново.
1. Lynda – Страна на која повеќе од 4 милиони луѓе започнале да учат некаков курс.
2. Вашите омилени блогови и магазини – Издвоите време да прочитате и да научите нешто ново.
3. CreativeLive – Зголемете ја вашата креативност со бесплатни онлајн часови.
4. Hackaday – Научете нови вештини и факти.
5. MindTools – Место каде можете да научите вештини на лидер.
6. Codeacademy – Научете Java, PHP, Pyhton и многу повеќе од ова училиште за кодирање.
7. EdX – Најдете илјадници масивни онлајн курсеви, вклучувајќи и курсеви за програмирање.
8. Platzi – Станете попаметни во маркетинг, кодирање и дизајн.
9. Big Think – Читајте статии и гледајте видеа од експерти.
10. Craftsy – Научете забавна, нова вештина од експерти за готвење, плетење, шиење, декорирање на торти и многу повеќе.