Категории

Вечер ќе врне пак: Во продолжение ќе споделиме неколку совети како да си помогнете, ако ве зафати пороен дожд/поплава… #‎Поплава ‬‪#‎Vërshime‬

Вечер ќе врне пак: Во продолжение ќе споделиме неколку совети како да си помогнете, ако ве зафати пороен дожд/поплава… #‎Поплава ‬‪#‎Vërshime‬

1. Исклучете ја струјата. Струја и вода се опасна комбинација. Особено ако сте во стара зграда со инсталација од минатиот век. Носете свеќи.

2. Уште од сега најдете си стап. Ако ве зафати поплава со стапот ќе опипате колку е длабока водата, дали има дупки и дали е безбедно за движење.

3. Колата не ви е пријател, не се потпирајте и не се качувајте на покривите на колите, тие се баш најнестабилни, особено ако е лесен автоматик.

4. Не ги заборавајте животните. Пуштете ги од синџири, добитокот од оглавот во шталите. Си знаат они да пливаат, ама не можат ако се врзани.

5. Ако имате гумени чизми облечете ги, ако не, балетанки, не ви требаат тешки обувки што ќе се наполнат со вода и ќе ве влечат кон дното.

6. Ако случајно се напиете контаминирана вода од поплавите веднаш испирете ја устата со флаширана вода и право на лекар. Поплава = зарази.

7. Најдете објекти што ќе ви помогнат да останете пловни над водата. Ако имате гумени душеци по дома, гуми за пливање за децата, сега е време да се надуваат.

8. Ако гледате дека не можете безбедно да пристапите за да помогнете некому, викнете 195/192/193, не се правете јунаци. Својата безбедност на прво место.

9. Наполнете си резервна батерија. Не знаете колку време ќе сте без струја. Следете ситуација и што и да ви треба пишете на ‪#‎Поплава ‬‪#‎Vërshime‬

Споделете/Share

Прегледи:
423
Објавено на:
07.08.2016