Ова е називот на најмалата полна месечина во годината – кога нашиот сателит е најоддалечен од планетата. Оваа година се наоѓа во Јарец, па тој знак ќе биде под најголемо влијание.
ОВЕН
Денес сте неодлучни и за прв пат по многу време се сомневате во себе, иако имате многу отворени опции. Изберете ја онаа која најмногу ве плаши, бидејќи така ќе зајакнете.
БИК
Вие сонувате и преку ден и имате проблем да се соочите со реалноста. Бидете искрени кон себе за да видите што ве мачи и работете на тоа.
БЛИЗНАЦИ
Иако сакате да бидете во гужва нон стоп, време е малку да се смирите. Прошетајте, прочитајте книга, направете нешто за ваша душа и најважно научете да кажете НЕ.
РАК
Време е за малку забава, Ракови. Хартија во рака и почнете да пишувате и да ја искажувате својата креативност. Расположете се, излезете од својата глава и научете повторно да се забавувате.
ЛАВ
Она што е необично за вас е тоа што сте престанале да преземате иницијатива. Сетете се дека знаете се што треба и имате се што ви е потребно. Во текот на оваа полна месечина чекорете полека кон она што го сакате.
ДЕВИЦА
Гледајте како се случуваат нештата во ваша корист, а не против вас. Како и обично, премногу сте критични. Пуштете се да се движи во својот правец и ќе видите како се ќе добие смисла.
ВАГА
Имате толку желби што почнувате да се губите. За секоја од нив, запрашајте се: „Зошто го сакам ова?“. Се ќе ви се разбистри и ќе ја сфатите суштината.
СКОРПИЈА
Вечерва побарајте ја вистината. Иако не сакате да го слушнете одговорот на прашањето кое ве мачи, направете го тоа и ќе се ослободите.
СТРЕЛЕЦ
Сакате да кажете нешто, имате нешто на ум, но космосот ви порачува да се посомневате во себе. Почекајте и најпрво испланирајте, а потоа кажете го тоа што ве мачи.
ЈАРЕЦ
Дали постои нешто што сакате да постигнете? Можеби проект кој сакате да го започнете или некоја личност подобро да ја запознаете? Ова е ваша полна месечина, ќе се чувствувате поинтензивно од било кога. Ќе зрачите со енергија и ќе чекорите кон остварување на своите желби.
ВОДОЛИЈА
Време е да ја подигнете главата бидејќи вечер ќе заблескате. Дали станува збор за излегување со пријателите или некое хоби, треба да имате самодоверба бидејќи вам се ви оди од рака.
РИБИ
Поемотивни сте од обично, па седите и размислувате околу тоа што е причината за ваквите емоции. Копајте длабоко! Дали криете нешто во себе? Не дозволувајте солзите да ве спречат да одите понатаму.