Како да замислите желба вечерва, во ноќта на ѕвездите кои паѓаат – ова е прекрасен начин на привлекување на позитивна енергија, нѐ очекува магичен дожд на Ориониди!
Дождот од метеори, односно ѕвездите кои паѓаат не е само магична глетка, туку и прекрасна можност да замислите, да ги визуализирате своите желби и да го поттикнете нивното остварување. Кога го набљудувате овој магичен огномет на небото ве исполнува позитивна енергија, па вечер на 21. октомври не го пропуштајте спактаклот на Ориониди.
Ѕвезденото паѓање на Орионидите започна на почетокот на октомври 2021. година, а ќе трае сѐ до 7. ноември. Врвот го достигнува денес, на 21. октомври кога ќе ја достигне најголемата брзина. Поради тоа, околу полноќ денес погледнете го небото. Ќе уживате во шарен спектакл под услов небото да е ведро, но без обзир дали ќе видите ѕвезда како паѓа, може да посакате желба и да ја визуализирате – ѕвездите ги чувствуваат вашите мисли.
Важно е во текот на замислувањето на желбата да следите одредени правила:
- важно е желбата да биде реална
- може да посакате само една желба
- формулацијата треба да биде едноставна и јасна
- желбата не смее да биде негативна ниту некого да загрозува
Ако се трудите и искрено верувате во остварувањето на желбите тие сигурно ќе се остварат, а ѕвездениот дожд Ориониди може да ви помогне при исполнувањето така што ќе ја зголеми добрата енергија.